5 совети со кои занемарениот ходник ќе стане ѕвезда во домот

Само неколку внимателно избрани детали ќе го претворат празниот и досаден ходник во убав и пријатен простор. Во продолжение дознајте како можете да го постигнете тој ефект.

1-5-soveti-so-koi-zanemareniot-hodnik-kje-stane-dzvezda-vo-domot-www.kafepauza.mk_

1. Лустери

Лустерите се сјаен и впечатлив украс за секој дел од вашиот дом, а многу лесно може да го подигнат и целокупниот визуелен впечаток на вашиот ходник. Ако сте љубители на класичниот стил на уредување, тогаш сигурно ќе се одлучите и за некој рустикален лустер, а љубителите на модерните ентериери ќе посакаат помодерни светечки форми. Немојте да се плашите ниту од грандиозните лустери, но имајте на ум дека во тој случај е многу важна висината на просторот, бидејќи големите лустери можат нискиот простор визуелно да го направат уште помал и да остават впечаток на натрупан простор.

2-5-soveti-so-koi-zanemareniot-hodnik-kje-stane-dzvezda-vo-domot-www.kafepauza.mk_

2. Фотографии и слики

Ако немате ходник со корисна големина, туку неговата улога е само да ве внесе во домот, искористете го така што во него ќе создадете ваша мала уметничка галерија. На ѕидовите можете да изложите слики, а доколку повеќе ги сакате фотографиите – направете ѕидна галерија од вашите најомилени дела. На тој начин на целиот простор ќе му дадете доза личен печат и ќе го направите „свој“.

3-5-soveti-so-koi-zanemareniot-hodnik-kje-stane-dzvezda-vo-domot-www.kafepauza.mk_

3. Тапети

Ходникот можете целосно да го трансформирате и со помош на тапети. Ако станува збор за тапети со некој интересен принт, тогаш тие може да бидат сосема доволен додаток во влезниот простор.

4-5-soveti-so-koi-zanemareniot-hodnik-kje-stane-dzvezda-vo-domot-www.kafepauza.mk_

4. (Корисно) парче мебел

Во поголемите ходници собира и комоди кои се исклучително важни, бидејќи служат како дополнителен простор за складирање. Ако изберете некој „откачен“ примерок во занимлива боја или со посебни рачки, комодата станува и украс за ходникот. Во помалите ходници сместете мали ѕидни гардеробери со закачалки за капутите и јакните, а пожелен додаток е и мала клупа која е практична за обување и собување обувки.

5-5-soveti-so-koi-zanemareniot-hodnik-kje-stane-dzvezda-vo-domot-www.kafepauza.mk_

5. Впечатливи бои

Не морате да играте на сигурно кога е во прашање уредувањето на ходникот. Слободно експериментирајте со впечатливите бои без оглед на тоа дали станува збор за уредување на ѕидовите или мебелот и додатоците кои сакате да ги поставите во ходникот. Таму можете и да испробате дали ви се допаѓаат одредени нијанси во вашиот дом, па искористете ја таа прилика пред да се одлучите за уредување на останатите простории.

6-5-soveti-so-koi-zanemareniot-hodnik-kje-stane-dzvezda-vo-domot-www.kafepauza.mk_

Доколку се запрашувате како да ја уредите малата просторија, погледнете на кои начини визуелно да ја зголемите малата просторија.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар