5 бои за посреќен, поудобен и покреативен дом

Освен што влијаат врз нашето расположение и може да откријат многу работи за нашата личност, со помош на боите можеме да креираме и посреќен дом. А, во кои нијанси најсреќно се живее, дознајте во продолжение.

0--podobar-zhivot-5-boi-za-posrekjen-poudoben-i-pokreativen-dom-www.kafepauza.mk_

1. Жолта

Боја на сонцето и среќата. Научно е докажано дека под нејзино влијание се подига нивото на серотонин, хормонот на среќата, во телото. Ова е со сигурност најдобрата боја за подобро расположение. Исто така, ја поттикнува и креативноста, без разлика на тоа колку е интензивна нијансата. Со жолти детали е најдобро да ја уредите вашата спална соба и бањата.

1-podobar-zhivot-5-boi-za-posrekjen-poudoben-i-pokreativen-dom-www.kafepauza.mk_

2. Зелена

Светлозелената нијанса позната како „greenery“, беше прогласена за боја на годината. Зелената боја ја претставува природата – во светлите нијанси опушта и позитивно делува на концентрацијата, а интензивните нијанси поттикнуваат на акција. Оваа боја совршено ја поврзува внатрешноста со околината.

5-podobar-zhivot-5-boi-za-posrekjen-poudoben-i-pokreativen-dom-www.kafepauza.mk_

3. Сина

Сината е смирувачка и така делува на умот и телото, без разлика на нијансата. Симболизира доверба, а оние кои ја сакаат сината во своите домови се луѓе на кои можете да се потпрете. Најчесто во сините ентериери се работи подобро, бидејќи сте посмирени и пофокусирани. Најдобро им прилега на бањите, работните соби и спалните соби.

4-podobar-zhivot-5-boi-za-posrekjen-poudoben-i-pokreativen-dom-www.kafepauza.mk_

4. Розова

Нежно розовата во домот создава топло чувство, а тоа е и бојата на љубовта и сензуалноста. Доколку сакате вашиот дом да зрачи со оптимизам, изберете силно розова – забавна е, „пука“ од енергија и ја поттикнува креативноста. Најчесто ја наоѓаме во дневните соби и трпезариите.

2--podobar-zhivot-5-boi-za-posrekjen-poudoben-i-pokreativen-dom-www.kafepauza.mk_

5, Црвена

Оваа „жешка“ боја влева доверба и во домот сигурно ќе ви внесе оптимизам. Исто така, црвената боја е боја на виталноста. Во дневната соба ќе создадете атмосфера на добредојде, а во студените денови домот украсен со црвени детели ќе даде впечаток на топлина.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар