20, 30, 40: Како да го декорирате вашиот дом во зависност од тоа колку години имате?

Вкусовите и стилот се менуваат, а колку сте постари, толку повеќе вашиот вкус ќе биде појасен и поодреден, како во врска со модата, така и со декорирањето на вашиот дом. Дизајнирањето на ентериерот е важна точка во нашите животи, уште од малечки кога секој од нас ја декорирал сопствената соба, па во текот не студентскиот период од животот, сѐ до посериозните години и целосната самостојност.

1-20-30-40-kako-da-go-dekorirate-vashiot-dom-vo-zavisnost-od-toa-kolku-godini-imate-www.kafepauza.mk_

Дваесетти

Во текот на вашите дваесетти години најважно е да се забавувате, да истражувате, да експериментирате. Слободно испробувајте најразлични бои, несекојдневни дезени и впечатлив мебел. Никој не очекува од вас на овие години да потрошите многу пари за декорација, бидејќи дваесеттите се период за пронаоѓање на самите себе и константно развивање на сопствениот вкус и стил. Декорот во вашиот дом би требало да биде разигран и весел. Купете ги оние класични парчиња мебел како што се кауч, кревет, и додатоци како што се комплет чинии, постелнина и пешкири. Набавете една добра столица или две, кои ќе го надополнат вашиот дом. Она што е најважно е како вие ќе се чувствувате во домот во кој живеете.

2-20-30-40-kako-da-go-dekorirate-vashiot-dom-vo-zavisnost-od-toa-kolku-godini-imate-www.kafepauza.mk_

Триесетти

Кога станува збор за триесеттите години, тоа сепак е некој посериозен период во животот, период во кој многумина луѓе размислуваат за семејство и за иднината. Сигурно до тогаш ќе бидете остварени како личност, на приватен, но и на работен план, вашиот вкус ќе стане појасен, па сосема е во ред да вложите малку поголема сума на пари во средувањето на вашиот дом. Купувајте уметност. „Зачинете“ ја просторијата со некое уметничко парче. Изберете го стилот до кој ќе се придржувате додека декорирате и кој најдобро ќе ја изразува вашата личност. Со оглед на тоа дека постои голема шанса дека во овие години планирате семејство, морате да размислите и за тоа што ви е најпрактично. Белиот кауч можеби и не е баш најдобриот избор за дневната соба.

3-20-30-40-kako-da-go-dekorirate-vashiot-dom-vo-zavisnost-od-toa-kolku-godini-imate-www.kafepauza.mk_

Четириесетти

Кога се четириесеттите во прашање, вашиот стил е веќе изграден и вие точно знаете што сакате. Сосема е во ред да потрошете голема сума пари, да се свртите кон луксузот, да вложувате во уметноста и скапиот мебел. Изберете ги вашите омилени и квалитетни материјали и изберете ја која било боја. Соберете одредени аксесоари од различни патувања и вклопете ги во вашиот дом. Исто така, ниту антиквитетите не се лоши. Тие зрачат со карактер, уникатни се, а доколку досега не сте размислувале за нив, можеби вашите четириесетти се вистинското време за тоа. И последно, но сигурно не најмалку важно, конечно можете да изберете кауч по сопствен избор, без никаков компромис.

4-20-30-40-kako-da-go-dekorirate-vashiot-dom-vo-zavisnost-od-toa-kolku-godini-imate-www.kafepauza.mk_

Декорациите во вашиот дом може да откријат колку години имате, но што открива уредувањето на домот за вашиот карактер?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар