18-те најдобри фотографии во светот за 2015-та според натпреварот на „Сони“

Светската фотографска организација ја објави својата листа на „Сони светските награди за фотографија“ за 2015. Рекорден број од 173.444 фотографии се пријавени од професионални и аматерски фотографи од 171 држава за изминатава година. Победниците ќе бидат објавени на 23.04.2015, а дотогаш проследете ја скратената листа од трите категории – професионална, отворена и младинска категорија.

1. „Во Тундрите“ – Симон Морис – Луѓе, отворена категорија

1-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

2. „Пот и крв“ – Марчин Клоце – Спорт, професионална категорија

2-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Фотографијата е направена на тренинг на сумо борачи каде посебен акцент се става на нивната флексибилност, што ги изненадува оние кои судат според изгледот.

3. „Изобилство“ – Кристина Капушински Џонсон – Насмевка, отворена категорија

3-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

4. „Приказната за жабите“ – Харфиан Херди – Природа и животински свет, отворена категорија

4-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

5. „Стариот Пастир“ – Саид Барикани – Луѓе, отворена категорија

5-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

6. „Молитва“ – Мухамед Беркати – Уметност и култура, отворена категорија

6-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

7. „Подводна грациозност“ – Џонатан Јип Чин Тонг, професионална категорија

7-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Обид на фотографот да ја долови грациозноста и редењето при синхронизираното пливање на тренинг во Сингапур.

8. „Сини полиња“ – Симон Батерворд – Пејзаж, професионална категорија

8-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Фотографијата била направена од мал авион на височина од 1.500 метри. Височината била пресудна за птичјата перспектива која е доловена, користејќи долго фокално растојание. Периодот и временските услови кога е направена се исто така важни, а апстрактноста е зголемена со целосниот недостаток на сенки.

9. „Прв поглед“ – Брент Стиртон – Современи проблеми, професионална категорија

9-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Западен Бенгал, Индија, 21 октомври 2013 година: Слепите девојчиња Соња (12) и Анита Синг (5) се родени со вродена катаракта и слепило во сиромашна фамилија. Тие секаде биле придружувани од нивните родители. Операцијата да се излечи нивното слепило е едноставна и трае 15 минути, но нивното семејство финансиски не можело да ја поткрепи. Донаторите собрале пари за нивната операција, па така оваа фотографија е есеј кој раскажува приказна за животот пред, за време на операцијата и по неа. Ова е моментот кога се радуваат на светлината.

10. „Обезглавена“ – Адриан Јажзак – Уметност и култура, отворена категорија

10-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Турнир по гимнастика во Полска, категорија од 8-12 години.

11. „Рамил Гилванов“ – Рима Гилванова – Животен стил, професионална категорија

11-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

12. „Хранење на пеликаните“ – Мелиса Литл – Природа и животински свет, отворена категорија

12-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

13. „Еврленд Кореја“ – Џулија Фулертон Батер – Животен стил, професионална категорија

13-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Еверленд е најголемиот забавен парк во Кореја, а ова е јавниот туш на Карипскиот залив.

14. „Берлин на мраз“ – Александар Клебе – Панорама, отворена категорија

14-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

15. „Дисциплина“ – Тарек Тума – Дел од секундата, отворена категорија

15-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

16. „Украина, Киев, Еуромаидан“ – Владислав Мисиенко – Актуелни случувања, професионална категорија

16-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Украински протестант свири на пијано пред полициската блокада, Киев, 2 октомври 2014.

17. „Ганг, смртта на реката“ – Џулијо ди Стурко – Пејзаж, професионална категорија

17-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

Хинду верниците застанати по должина на реката Ганг се подготвени да се натопат во водата на светата река, Индија, 2008 год.

18. „Театарот“ – Кришан Бансал- Животна средина, младинска категорија

18-18-te-finalisti-od-Svetskite-Fotografski-Nagradi-so-fotografii-koi-kje-ve-naezhat-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар