1.500 ножици кои застрашувачки висат од таван

Замислете си како влегувате во тивка соба, во која жена спокојно си шие. Потоа замислете си како жената седи под 1.500 пара остри кинески ножици, кои висат од таванот, опасно насочени накај неа со острите врвови. Ваква била идејата на артистката Beili Liu, која стои зад овој проект т.н. „The Mending Project“ (Проектот закрпување).1500 ножици кои застрашувачки висат од таванОваа опсежна инсталација била прикажана минатава пролет во галеријата „Women and Their Work“ во Остин, Тексас, каде Liu креирала опасна, застрашувачка, но истовремено и фантастично мистериозна атмосфера. Како што посетителите влегувале во просторијата, им било кажано да отсекуваат парче од бела ткаенина, кое било закачено близу влезот и потоа да и го дадат на артистката да го зашие. Закрпеното парче постојано растело и се ширело накај подот, како што влегувал секој нов набљудувач.1500 ножици кои застрашувачки висат од таван1500 ножици кои застрашувачки висат од таван.

„Работам со игла и конец при изработката на моите инсталации, во последниве 3 години. Така што ми изгледаше како една природна прогресија на мојата работа, да започнам да користам платно и ножици. Пораснав во Кина, каде овие традиционални ножици се користат во секое домаќинство, поради што ми создаваат некаква позната топлина во душата. Исто така ме привлекува нивната елегантна форма. Тие се составени од три едноставни делови: две обликувани железни парчиња и еден бакарен зглоб, кој ги поврзува.“ – објаснува Liu

1500 ножици кои застрашувачки висат од таван.

„Концепциски, ме интересираше контролирањето на заканувачката есенција од овие ножици остри како брич. Овие ножици не се „љубезни“ како оние на кои сме навикнати. Овие можете да ги употребите за да пресечете нешто или за да ги забодете во нечиј грб. Исто така, во кинеската култура, ножиците никогаш не треба да бидат позиционирани со остриот дел кон некого, бидејќи тоа се смета дека носи несреќа. Тие се острат кога ќе отапат и се користат истите цел живот. Од друга страна, ножиците претставуваат алат на жената, исто како што шиењето е традиционално женска задача во едно домаќинство. Мене, како женски уметник, ме интересира моќта на покорниот акт на „закрпувањето“.“

1500 ножици кои застрашувачки висат од таван1500 ножици кои застрашувачки висат од таван .

„Посетителите отпрвин беа шокирани и не веруваа што гледаат, а потоа почнаа да чувствуваат интрига, страв, загриженост (за мене), љубопитност и возбуда. Потоа се смирија, почнаа да истражуваат, зјапаа во ножиците на таванот и мирно чекореа во просторот. Доста е интересно чувството да се биде истовремено и уметнички изведувач и набљудувач на реакцијата на луѓето.“

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар