15 најсовремени куќи во светот

Автор: Боро Мирчески

Дури и да не можете да си дозволите куќа од соништата или пак доколку архитектурата не е на врвот на вашата листа со приоритетни луксузи кои ги посакувате, сепак може да одвоите барем 5 минути од вашето време и да погледнете какви куќи го красат светот.

15 најсовремени куќи во светот

Леирија, Португалија

Во книгата „100 современи домови“ на авторот Филип Џодидио, претставени се 100 екстремно луксузни и современи домови изградени ширум светот, почнувајќи од Чиле, преку Хрватска па сè до Кина. Според Џодидио, дизајнирањето приватни домови им нуди на архитектите поголема слобода во реализирање на своите идеи и концепти, но и прикажување на нивната креативност, за разлика од сите корпоративни проекти за кои најчесто се ангажирани.

15 најсовремени куќи во светот

Сантијаго, Чиле

Сепак, создавањето на сопствениот дом треба да биде исполнето со енергијата која вие ја поседувате како индивидуа. Домот треба да биде хармонично место кое ќе зрачи со топлина. Затоа, на архитектите им е вистински предизвик да го преточат „духот“ на едно семејство во расположливиот простор, а притоа да остават сопствен белег кој ќе ги натера случајните минувачи да прашаат кој ја дизајнирал куќата на домаќините.

15 најсовремени куќи во светот

Рио де Жанеиро, Бразил

Филип Џодидио направил една тура околу светот и избрал 100 најсовремени домови, кои потоа ги објавил во сопствена книга од два тома. Џодидио дипломирал историја на уметност и економија на универзитетот „Харвард“ и денес важи за еден од најпопуларните писатели во светот на теми од архитектурата. Ова се само 15 примери од неговата книга.

15 најсовремени куќи во светот

Кауита, Костарика

15 најсовремени куќи во светот

Сиднеј, Австралија

15 најсовремени куќи во светот

Нагано, Јапонија

15 најсовремени куќи во светот

Нагано, Јапонија

15 најсовремени куќи во светот

Куала Лумпур, Малезија

15 најсовремени куќи во светот

Качагуа, Чиле

15 најсовремени куќи во светот

Британска Колумбија, Канада

15 најсовремени куќи во светот

Конектикат, САД

15 најсовремени куќи во светот

Онтарио, Канада

15 најсовремени куќи во светот

Чиле

15 најсовремени куќи во светот

Нагано, Јапонија

15 најсовремени куќи во светот

Њујорк,САД



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anna Reply

    Povekjeto se isklucitelno grdi!

  2. klukajdrvche Reply

    vrska nemash !

  3. Име Reply

    dislike

Остави коментар