12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете

12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете

Поголемиот дел од нас живеат во едноставни апартмани или куќи. Но, некои луѓе сакаат да се издвојат, па си прават навистина интересни живеалишта. Погледнете некои од најинтересните куќи во кои сигурно ќе посакате да живеете.

1. Хелиодом, Франција

(1)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mk

Хелиодомот во Франција е куќа која ќе ви го направи животот многу удобен но и ќе ви помогне да заштедите енергија. Соларните колектори на куќата ја одржуваат студена во лето, и топла во зима. Куќата е отворена за посетители.

2. Живеалиште 67, Монтреал, Канада

(2)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mk

Оваа неверојатна структура е дело на Моше Сафди. На почетокот таа била само дел од неговата теза, но денес овде живеат луѓе.

3. Футуро, Шведска

(3)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mk

Футуро е куќа која наликува на вселенски брод и е дело на Мати Суронен. Вакви куќи има низ целиот свет, а повеќето се лоцирани во Финска, родното место на архитектот.

4. Куќа огледало, Италија

(4)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mk

Навистина е тешко да ја забележите оваа куќа бидејќи огледалата прават да „исчезне“. Дури кога ќе се доближите до неа ќе можете убаво да ја видите. И најважно од сè, можете да ја изнајмите за разни прослави.

5. Механичка хобитска куќа, Чешка

(5)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mk

Оваа механичка куќа изгледа како од „Господар на прстените“. Куќата има добиено неколку награди за еколошко живеалиште. Потребни биле речиси 3 децении за нејзината изградба, но сигурно ќе трае подолго од тоа.

6. Куќата Наутилус, Мексико

(6)12-te-najunikatni-kukji-vo-koi-kje-posakate-da-zhiveete-kafepauza.mk

Ова уметничко дело е направено од Хавиер Сеносиан. Куќата е отворена за туристи и можете да ја посетите кога било.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар