10 застарени правила за уредувањето на домот кои можете слободно да ги заборавите

Сите ние сме навикнати да купуваме маси и столици од иста колекција. Кога купуваме кревет, купуваме цела спална соба. За среќа, овие застарени сфаќања и правила пополека одат во заборав. Погледнете кои правила можете да ги прекршите кога е во прашање уредувањето на домот, а притоа тој да биде модерен, удобен и практичен. На овој начин сигурно ќе заштедите пари и ќе му дадете личен печат на ентериерот.

1-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

1. Совпаѓање на софата со фотелјите

2-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Многу луѓе се навикнале на идејата дека мебелот се купува во комплет: Софата и фотелјите би требало да се исти. Не морате повеќе да се држите до ова правило. Можете да купите фотелји со поразличен дизајн од софата. Она што е важно е да бидат слични со нешто друго во вашиот дом.

2. Мебел за спалната соба

3-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Не мора да купувате спална соба во комплет. Без неа можете да живеете. Купете само некои убави ноќни масички кои ќе стојат покрај креветот.

3. Бели ѕидови

4-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Да, можете да имате бели ѕидови, а вашиот дом да не изгледа како болница, но само доколку немате премногу бели работи во просторијата. Најважно е на што ќе го ставите акцентот, за вашиот ентериер да изгледа пространо и атрактивно.

4. Мебел по должина на ѕидовите

5-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Ова е често правило, бидејќи луѓето веруваат дека на овој начин ќе добијат повеќе простор во собата. Секако, ако собата е мала тогаш и нема други опции. Меѓутоа, доколку е доволно голема, слободно заборавете на овој стереотип.

5. Обични плочки во бањата

6-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Постојат толку многу начини да ја декорирате бањата што слободно можете да заборавите на обичните плочки. Можете да испробате плочки кои изгледаат како камен, бетон, па дури и како дрво.

6. Совпаѓање на масата и столиците

7-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Направете ја трпезаријата живописна така што ќе купите маса и столици од различни колекции. Не плашете се да експериментирате.

7. Големи парчиња мебел

8-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Големите фотелји и софи повеќе не се популарни. Денес е популарен едноставниот мебел со мали димензии. Кога избирате мебел, запомнете едно правило – колку помала соба, толку помали фотелји, софи и сѐ останато.

8. Детска соба во силни бои

9-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Детската соба може да биде со помирни тонови, без многу силни бои. Во таквата соба детската фантазија подобро ќе се развива, а можете да ја направите поинтересна со играчки, постери и различни цртежи.

9. Бетонот е премногу груб

10-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Постојат многу начини да го искористите бетонот во средување на домот. Може да изгледа многу добро во модерното дизајнирање на ентериерот. Негова голема предност е што е отпорен на вода, па дури можете да го искористите и во бањата.

10. Мрежести завеси

11-10-stereotipi-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-morate-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Ако не ги сакате, не мора да ги ставате. Малите соби без нив ќе изгледаат дури и многу поголемо.

Доколку сакате да создадете удобно и пријатно место за живеење, погледнете ги овие безвремени идеи за уредување на домот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар