Апел за помош | Кафе пауза


Апел за помош - Томица СтојковиќДа ја покажеме нашата хуманост повторно на дело. Томица Стојковиќ има само 12 години, а веќе стои исправен пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќно детство, како што заслужуваат сите деца.

На донацискиот број 143444 можете да донирате 100 денари и со тоа да му помогнете на семејството Стојковиќ да го спаси својот син.

Томица боледува од акутна леукемија и неговата состојба е алармантна. ИТНО му е потребна операција во Германија, која чини 250.000 евра. Неговата моментална состојба бара постојана лекарска нега и поради тоа во моментов е сместен во болницата Филип Втори во Скопје.

Немаме време да чекаме да помогне некој друг, тоа треба да го направиме НИЕ!!!

АПЕЛИРАМЕ на вашата хуманост, да се ставиме на местото на неговите родители само за миг и да му помогнеме на Томица и на неговото семејство.

ДА ДОНИРАМЕ – БЛАГОДАРНИ ЌЕ НИ БИДАТ ТОМИЦА И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ

Биди хуман, донирај и спаси живот!

жиро-сметка: 200-002036283259 Стопанска Банка
ЕМБГ: 2210974425019 Даниела Стојковиќ