Ајде на одмор | Кафе пауза


Дали секоја година губите време, пари и нерви додека да ја одберете вистинската понуда од туристичките агенции за да појдете на долго очекуваниот одмор? Од сега па натаму нема да имате потреба од ова, бидејќи сервисот на туристички понуди „Ајде на одмор“ ви нуди со само неколку кликови да ги споредите сите понуди од агенциите кои вам ви се по мерак.Ајде на одмор„Ајде на одмор“ не е туристичка агенција, не нуди и не препродава туристички аранжмани, туку само го олеснува пласирањето на постојните понуди на македонските агенции. Овој сервис е лесен комуникациски посредник помеѓу агенциите и нивните корисници на услуги.Ајде на одморСервисот моментално овозможува да разгледате понуди за летувања и за актуелните првомајски екскурзии, но набргу корисниците ќе можат да разгледаат и какви понуди нудат агенциите за крстарења, интерконтинентални патувања и прошетки низ Македонија. Соодветно на ова, во следниот зимски период ќе биде овозможено корисниците да ги разгледаат и понудите за зимувања. Исто така во брзо време корисниците ќе можат да разгледаат каде можат да појдат на шопинг и да ги разгледаат „Last minute“ турите.

Понудите можат да се пребаруваат по цена или по земја, па така откако ќе ги внесете сите параметри според вашите потреби, сервисот ќе ви ги прикаже сите достапни туристички понуди во согласност со бараното.Ајде на одморАјде на одморПрикажаните резултати се сместени во уредна табела, во која на лесен начин можете да ги увидите разликите помеѓу секоја понуда. Наместо да талкате по сајтовите и брошурите на агенциите, сега со само неколку кликови можете да дознаете многу повеќе. Табелата ќе ви го прикаже аранжманот од секој можен аспект. Веднаш ќе ги дознаете сите детали за сместувањето, типот на превоз, типот на аранжман (само ноќевање, ноќевање со појадок, полупансион…), доплата и попусти за деца, од која агенција е аранжманот и така натаму.

Сервисот секојдневно сè повеќе се развива и пополека добива нови компоненти, кои ќе им овозможат на корисниците тој да им стане навистина корисна алатка. На веб-сајтот можат да се најдат и разни совети за патување, како и да се дознаат атрактивни туристички места ширум светот. Ајде на одморДоколку сакате навремено да бидете информирани за сите туристички понуди и да добивате корисни совети, следете го „Ајде на одмор“ преку Фејсбук и Твитер.