H&M со нова кампања за лето 2012 – Fashion Against AIDS

Сподели

Автор: Симона Ристоска

Реклама

Оваа година познатиот шведски бренд H&M ја посвети својата кампања за лето 2012 на борбата против ХИВ/СИДА . Целта е да се подигне свеста кај младите денес и да се поттикнат што повеќе да се информираат за тоа како да се заштитат од опасниот вирус. Она што е можеби најважно во врска со оваа кампања, освен вниманието што го привлекува, е фактот дека H&M ќе поделат 25% од приходот од колекцијата на четири различни организации кои помагаат во превенцијата од ХИВ/СИДА преку едуцирање и информирање.  За неверојатно краток период од лансирањето на кампањата, компанијата успеа да подигне преку 6,5 милиони долари. Ова е трета акција од овој тип што ја организира овој бренд.Самата колекција е интересен микс од весели парчиња со племенски принтови и  хипи стил креирани од интернационални артисти, дизајнери и илустратори со кои компанијата склучи партнерство за новата кампања. Она што компанијата успеа да го потврди е токму тоа што многу дизајнери претходно го имаат констатирано, модата не е само во облеката, модата е поврзана со идеите, начинот на кој живееме и сè она што нè опкружува.Освен преку добар шопинг, компанијата им овозможи многу интересен начин на младите да се вклучат уште поактивно во целиот проект – „Бакнување за кауза“. Сè што треба е да ја зграбите драгата личност и да го овековечите бакнежот со добра фотографија. Логирајте се на fashionagainstaids.com и H&M ќе донира по 1 долар за секоја испратена фотографија.
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира